Connect with us

Португалската федерација ќе достави докази до ФИФА дека Роналдо го даде голот против Уругвај

Португалската федерација ќе и приложи на ФИФА докази дека првиот гол против Уругвај бил дело на Кристијано Роналдо, а не на Бруно Фернандеш. Воведниот гол за Португалците вчера даде повод за многу спорови и нејаснотии.


Кристијано првично беше наведен како стрелец, но подоцна ФИФА смени дека погодокот е запишан за Бруно Фернандеш. Самиот Фернандеш изјави оти му се чини дека Роналдо последен ја допрел топката.


Како што е познато, Кристијано Роналдо брка голем број рекорди на Светското првенство во Катар. Да постигнеше гол вчера, ќе го израмнеше рекордот на Еузебио за најмногу голови за Португалија на Светските првенства.


На социјалните мрежи почнаа да се шегуваат за спорниот гол нарекувајќи ја ситуацијата „божјата коса“, аналогно на „божјата рака“ на покојната аргентинска легенда Диего Армандо Марадона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови