
Србија имаше водство од 3-1, но ја испуштија победата против Камерун играјќи 3-3, па сега ќе „викаат“ и ќе чекаат разврска на дуелот меѓу Бразил и Швајцарија, што треба да им отвори шанса во третото коло да се борат за пласман во нокаут фазата.
Камерунците поведоа со голот на Жан Чарлс Кастелјето во 29.минута, но Србија се врати во игра со голот на Павловиќ во 45.минута. Само три минути подоцна, во судиското продолжение од првиот дел, Сергеј Милинковиќ-Савиќ се погрижи за пресврт.
Во вториот дел, Александар Митровиќ круниса една добра акција на Србите со трет гол во 53.минута и се чинеше дека отпорот на Камерун е скршен.
Но, така не мислеа Камерунците. Две грешки во одбраната на Србија при поставување офсајд замка донесоа израмнување. Прво Абубакар со лоб удар намали на 2-3 во 62.минута, а четири минути подоцна Ерик Максим Чупо Мотин израмни на 3-3.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
