
Германија опасно висеше над бездната, но Никлас Фулкруг со голот во 83.минута успеа да донесе реми (1-1) против Шпанија во големото дерби од второто коло во групата Е на Светското првенство. Сега ќе мораат да остварат убедлив триумф над Костарика за да се пласираат во нокаут фазата.
Шпанците беа блиску до осминафиналето откако Алваро Мората во 62.минута постигна гол за водство на „црвената фурија“.
Во првиот дел, Дани Олмо сериозно се закани, а Мануел Нојер со одлична интервенција и со помош на гредата успеа да спаси сигурен гол.
Антонио Рудигер постигна гол со удар со глава по прекин, но се покажа дека бил во офсајд позиција при влетувањето во шеснаесетникот.
Во последните мигови Лирој Сане имаше убава шанса и за пресврт, но влезе во дриблинг и не успеа да го совлада Унаи Симон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Евро-фудбал
Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор
