Ал-Наср, клуб од Саудиска Арабија, му понудил тригодишен договор вреден 216 милиони евра на Кристијано Роналдо, тврди „CBS Sports“. Манчестер Јунајтед пред неколку дена го раскина договорот со Роналдо, што се очекуваше по долгиот спор меѓу славниот Португалец и англискиот премиерлигаш.
Ал-Наср долго време е заинтересиран за Роналдо и не е единствениот клуб од Блискиот Исток кој би сакал да го доведе. Извори велат дека нивниот интерес е „посилен од кога било“ и тврдат дека на Роналдо му нудат околу 70 милиони евра годишно. Со потпишување на ваков договор Роналдо би играл и на 40 години.
„Разговорите започнати во текот на летото напредуваа, но се чека одлуката на Роналдо. Доколку тој ја прифати понудата, договорот ќе биде брз“, објави Си-Би-Ес.
Ал-Наср освои девет титули во саудиската лига, додека ривалите Ал-Хилал исто така беа поврзувани со Роналдо, како и Њукасл и Интер Мајами. Роналдо во моментов е посветен на настапот на Светското првенство со Португалија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













