Жоао Феликс веќе во јануари го напушта Атлетико Мадрид. Ова го тврди „Марка“, која секогаш е добро информирана кога се во прашање мадридските клубови. Португалецот целосно го загуби местото стартер кај Диего Симеоне и се чини дека Феликс тоа не може да му го прости на Чоло.
Жоао се уште има силен договор со Атлетико, по неговото пристигнување од Бенфика за 120 милиони евра потпиша договор до 2026 година. Тешко дека „јорганџиите“ ќе си ја повратат инвестицијата, но се верува дека ќе извлечат сума од околу 80 милиони евра. Особено ако Феликс продолжи со добрите настапи на Светското првенство, каде веќе постигна еден гол на првиот натпревар.
Португалецот го посакуваат англиските премиерлигаши Челси и Манчестер Јунајтед, додека ситуацијата будно ја следат и Баерн Минхен и ПСЖ. Тој би можел да дојде во Јунајтед како замена за Роналдо, човекот со кој го споредуваат откако дебитираше за Португалија.
Од друга страна, претседателот на Челси, Тод Боели, бара ѕвезда за својот проект, додека во ПСЖ би можел да биде наследник на Меси, кој е неизвесно дали ќе остане во Париз.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













