
Меѓународната фудбалска организација (ФИФА) поведе постапка против Фудбалскиот сојуз на Србија поради закачениот политички транспарент за Косово во соблекувалната на својата репрезентација пред натпреварот против Бразил во првото коло на Светското првенство.
Во соблекувалната на српскиот тим во четвртокот беше закачено српско знаме со мапа на Косово и натпис
„Нема предавање“.
Србија играше против Бразил и загуби со 0:2.
Министерот за култура, млади и спорт на Косово, Хајрулах Чеку, се пожали на ФИФА за тоа знаме и изјави дека Светското првенство се користи за промовирање на „ксенофобични, геноцидни и пораки на омраза кон Косово“.
ФИФА наведе дел од својот дисциплински кодекс кој опфаќа недолично однесување, вклучувајќи „навредливи гестови, знаци или јазик“ и промовирање на неспортски работи.
Србија во понеделник од 11 часот ќе игра против Камерун во второто коло на Мундијалот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Евро-фудбал
Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор
