Мундијалот го потресе неочекуваната смрт на еден од претставниците на медиумите кои работеа во Катар следејќи го Светското првенство во 2022 година.
Британскиот ТВ експерт, Роџер Пирс, почина на 65-годишна возраст во својата хотелска соба. Тоа беше деветтото Светско првенство на кое беше испратен службено. На крајот на годината требаше да се пензионира.
„Со голема тага морам да соопштам дека нашиот технички директор Роџер Пирс почина синоќа во неговата хотелска соба во Катар. Тој беше човекот кој ги овозможи сите наши преноси во живо, од аматерски фудбалски лиги до финалиња на Светското првенство“, изјави популарниот коментатор на ITV, Марк Демут, кој со Пирс работеше 43 години.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













