
Заврши паузата во домашниот фудбал, па сега паралелно со возбудувањата на Светското првенство ќе следиме и дуели од нашите стадиони. Лидерот Струга Трим Лум ќе гостува во Кратово (13 часот) и ќе се обиде да го победи Силекс во премиерниот меч од 16.коло во Првата фудбалска лига.
Стружани имаа криза, но ја надминаа пред репрезентативната пауза, па сега сакаат да продолжат во позитивен стил.
„Гостуваме кај добра екипа која има несомнен квалитет, тие знаат што сакаат, но и ние имаме свои цели. Ова ќе биде многу тежок натпревар за нас, но се надевам дека ќе се вратиме во Струга со три бода. Важно е да одиграме добар натпревар, сепак ќе биде тежок терен, мора да бидеме многу концентрирани, фокусирани и да ги исполниме барањата на нашиот тренер. Добро ја искористивме двонеделната пауза, малку се одморивме, но секако и трениравме многу“, вели дефанзивецот на Струга ТЛ, Сава Радиќ.
Силекс не губи бодови во Кратово често. Тимот на Горазд Михајлов е едно од најпријатните изненадувања во првиот дел од сезоната и се наоѓа на четвртата позиција.
Останатите натпревари од 16.коло во ПФМЛ се играат утре.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
