Фудбалерот на Саудиска Арабија, Јасер Aл-Шахрани, е успешно опериран откако се здоби со тешки повреди на Светското првенство во Катар. Дефанзивецот ја заработи повредата за време на вчерашната победа против Аргентина.
„Јасер Ал-Шахрани беше подложен на успешна операција во болница во Ријад“, објави Саудиската федерација на социјалните мрежи.
Ал-Шахрани падна на земја откако се судри со голманот Мохамед Ал Оваис во судиското надополнување и беше изнесен надвор од теренот на носилки.
Неговиот судир со голманот резултирал со фрактура на вилицата, скршени коски на лицето и внатрешно крварење. За скршеницата на лицето беше потребна операција на клиника во Германија, како и уште една процедура за да биде сопрено внатрешно крварење.
Потоа Јасер Ал-Шахрани бил вратен во Саудиска Арабија и повторно е опериран, овојпат поради внатрешно крварење на панкреасот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот
Евро-фудбал
Постекоглу се враќа во Селтик?













