
Македонија ќе игра во Букурешт против Австрија и против Украина, а потоа ќе се пресели во Амстердам. Европското првенство ќе се игра во 12 градови од 12 земји, како што и претходно беше планирано, потврди УЕФА.
„Ништо не е променето кога е во прашање Европското првенство. Закажано е од 11 јуни до 11 јули“, изјави портпаролот на УЕФА.
Најважната информација сепак ќе следи на 5. март. Тогаш ќе биде објавено дали и во кои градови натпреварите би се одржувале со присуство на публика.
„Засега има четири можности – 100% гледачи на стадионите, од 50,до 100%, од 20 до 30% или без гледачи“, информираат од УЕФА. Клупските натпреварувања под закрилата на УЕФА засега остануваат без промени.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
