Германската фудбалска репрезентација реши да и пркоси на ФИФА и не ги прифати понудените опции со пораки за капитенските ленти. Мануел Нојер ќе носи лента од кампањата „Една љубов“ што ја започна Холандија. На таа лента има срце со бои на виножитото и името на кампањата.
ФИФА во последен момент пред Светското првенство реши да донесе нова одлука поврзана со капитенските ленти на турнирот во Катар. Објави серија сопствени дизајни на ленти, со пораки од различни кампањи како што се #SaveThePlanet и #ProtectChildren.
Но, од таборот на четирикратните светски шампиони веќе ги одбија лентите понудени од ФИФА.
За разлика од многу општите слогани на ФИФА кои беа предложени во последен момент, кампањата „Една љубов“ има за цел да го истакне проблемот со кршењето на правата на сексуалните малцинства во Катар. Дел од од оваа кампања покрај Германија и Холандија ќе учествуваат и Англија, Белгија, Данска, Франција, Швајцарија и Велс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













