УЕФА и ЕКА договорија драстично зголемување на средствата од солидарната шема за развој на младинскиот фудбал
Македонските прволигаши од минатата натпреварувачка 2021/2022 сезона, од УЕФА ќе добијат 1.388.000 евра за развој на младинскиот фудбал
Младинскиот фудбал е базата за развој и напредок во секоја земја, тоа го знаат и УЕФА и ЕКА, кои за оваа година за Македонија договорија и одобрија двојно поголеми финансиски средства од Фондот за солидарност, кои ќе бидат распределени за клубовите кои учествуваа во Првата лига минатата сезона. Ако претходно Македонија добиваше 585.000 евра од Фондот за солидарност, сега оваа сума е зголемена на 1.388.000 евра.
Деталите за ова се соопштени на состаноците на четвртата субдивизија, меѓу кои е и Македонија и нашите клубови, на Генраланото собрание на ЕКА минатиот месец во Истанбул, Турција. Пред два дена стигна и официјалната потврда од Нион, од страна на УЕФА. Едни од најинволвираните во овие состојби и новини во европскиот фудбал од овие простори се ФК Работнички, преку генералниот секретар на клубот, Ненад Монев.
„Има убава вест за македонскиот фудбал во целина и за клубовите кои минатата сезона беа дел од Првата лига. По честите состаноци и преговори помеѓу работните групи на ЕКА и УЕФА, како дел од меморандумот за соработка помеѓу овие две асоцијации, беше утврден новиот систем и на распределба на средствата од солидарната шема на УЕФА за развој на младинскиот фудбал. Конкретно за нашата држава, повеќе од двојно го зголеми Фондот за солидарност што треба да и припадне на Македонија и да биде поделен на клубовите кои минатата 2021/2022 сезона беа дел од Прва МФЛ. Средствата се строго наменски, за развој на младинскиот фудбал, затоа што е наша морална обврска, да се грижиме за базата од каде доаѓаат сите идни фудбалери“, вели Ненад Монев.
Фондот за солидарност функционира токму на таков принцип, на поделба (% на учество) во вкупниот “колач” на УЕФА, а во овој конкретен случај некој од најголемите европски клубови се откажувале од дел од средствата, кој за нив е можеби минимален, кој потоа се распределува по условно помалите, односно помалку развиени фудбалски земји и клубови. Сепак, и тоа треба да се заслужи со што е можно повисок фудбалски коефициент на земјата, односно успешни настапи во европските купови, а пред се квалитет на лигата.
„Молдавија е најдобар пример како успехот на еден тим може да донесе многу поголеми средства за сите останати. Учеството на Шериф Тираспол во групната фаза од Лигата на шампионите, оваа година на Молдавија и донесе многу поголеми средства од Фондот за солидарност. Слични се и примерите со Литванија, Словачка, Словенија, Малта… Во фудбалска Европа ништо не е случајно и секој успех богато се наградува“, истакнува Ненад Монев, генералниот секретар на ФК Работнички, за МАКФУДБАЛ.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski