Јирген Клинсман, легендарниот германски фудбалер и поранешен селектор на германската репрезентација, ќе го коментира Светското првенство за „Би-Би-Си“. Во својот прв текст за Британците, Клинсман откри кои му се фаворитите во Катар.
„Главното прашање пред Мундијалот е секогаш кој ќе го освои. Овојпат ги гледам Бразил и Аргентина како фаворити, две репрезентации кои доаѓаат гладни за трофеи по многу квалитетни настапи во квалификациите“, изјави Клинсман, кој ја предводеше Германија на Светското првенство во 2006 година, а осум години подоцна и САД.
„Лионел Меси е движечката сила на Аргентина. Тој има 35 години и знае дека оди на своето последно Светско првенство. Бразил има квалитет на секоја позиција. Ги гледав Бразилците многу во претходните години и бев импресиониран. Тие доаѓаат во Катар за да го освојат Светското првенство и мислам дека ќе успеат“, истакнува Клинсман.
Светското првенство во Катар почнува в недела со натпреварот меѓу домаќинот и Еквадор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













