
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (18 часот) на арената „Тодор Проески“ ја пречекува селекцијата на Финска во пријателски натпревар, како дел од подготовките за следниот квалификациски циклус за ЕП 2024. Селекцијата не е комплетна, со оглед на поголемиот број повредени фудбалери, но селекторот Благоја Милевски сепак ќе има убава можност да ја провери формата и да испроба некои други варијанти со тимот.
„Сега не очекуваат два натпревари против Финска и Азербејџан како генерална проба пред квалификациските натпревари во март. Секако ќе пробаме различни варијанти кои ќе ни бидат во функција за сето она што не очекува на квалификациските мечеви. Не случајно инсистирав да играме со квалитетни противници, Финска е супер тим, неслучајно се во вториот барабан за групите од европските квалификации. Натпреварот ќе ни покаже или ќе ни даде насока и правец што би требало да се промени или да се задржи за она што не очекува и во групата. Знаете дека имаме квалитетна група и затоа ни се потребни овие контроли со квалитетни противници. Ќе има некои промени, особено што последните мечеви ни дадоа некои насоки, посебно во реализацијата дека треба да се подобриме. На тој момент не бев задоволени се надевам во иднина ќе го промениме тој сегмент“, вели селекторот Милевски.
По подолг период во националниот тим повторно е Илија Несторовски и се очекува да добие шанса да покаже во каква форма се наоѓа во моментот. Тој постигна гол за Удинезе изминатиот викенд.
Ниту Финска не е во комплетен состав. Гостите дојдоа без својот најдобар напаѓач Тимо Пуки, кој исто така е повреден.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
