Селекторот на Германија, Ханси Флик, ги сподели своите впечатоци по минималната победа на пријателскиот натпревар против Оман (0-1).
„Не одевме во дуелите на нивото што сакаме да го видиме на Светското првенство, но можете да разберете дека играчите не сакаат да преземаат премногу ризици толку блиску пред почетокот на турнирот. Во вториот дел нашиот настап беше подобар. Не сум задоволен од начинот на кој се браневме – не можеме да играме така на Светското првенство. Ни треба повеќе физички контакт. Но, сите имаа мисла во главите да излезат здрави од натпреварот“, изјави селекторот на Германија.
Флик навести дека би можел да започне со Никлас Фулкруг како стартер на воведниот натпревар против Јапонија на 23 ноември. Напаѓачот на Вердер Бремен влезе како замена и го постигна единствениот гол за Германија.
„Му кажав на тимот дека мора да покажат дека се подготвени за Катар – Фулкруг покажа дека е подготвен за Светското првенство. Учествуваше одлично, добро ја заврши работата и постигна гол. Го заслужи својот гол, се гледаше каков ефект имаме во играта со неговото присуство. Но, имаме уште неколку дена да одлучиме. Не сакам да откривам премногу“, дополни Флик.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski