Connect with us

Еден тим за детските права

На пријателските фудбалски натпревари во Скопје, децата со порака за поправедно и поинклузивно општество.


Во рамите на партнерството помеѓу Фудбалската федерација на Македонија и УНИЦЕФ, на пријателскиот фудбалски натпревар помеѓу македонската А репрезентација и Финска (17. ноември) и Македонија и Азербејџан (20. ноември), децата придружници на фудбалерите ќе носат маици по повод Светскиот ден на детето со порака за поправедно и поинклузивно општество.

Ова е прва активност што УНИЦЕФ и Фудбалската федерација на Македонија ја организирааат како дел од заедничката кампања со која се одбележува Светскиот ден на детето и се промовираат детските права. Слоганот “Сите сме еден тим“ е повик сите да се здружиме за детските права.

Светскиот ден на детето кој се одбележува секоја година на 20. ноември, ги истакнува најважните прашања кои влијаат врз животот на децата и го поддржува учеството на децата и младите како застапници на своите сопствени права. Оваа година, Светскиот ден на детето се паѓа на истиот ден со официјалниот почеток на ФИФА Светското првенство во Катар 2022 година и на тој начин дава ретка можност детските прашања да се најдат на врвот од глобалната агенда.

Во нашата држава кампањата по повод Светскиот ден на детето ќе кулминира на 21. ноември со фудбалски натпревар на кој децата “ќе го преземат теренот“ и ќе играат со фудбалери од националната репрезентација, фудбалери од Специјалната Олимпијада и високи функционери. Овој фудбалски натпревар ќе го насочи вниманието кон прашања што им се важни на децата – еднакви можности, квалитетно образование, здрава животна средина и ментално здравје за секое дете.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови