
Со просечна висина од 187,12 сантиметри, фудбалската репрезентација на Србија ќе биде највисока на Светското првенство во Катар.
Втори се Данците со 186,1, а трети се Французите со просечна висина од 185 сантиметри.
Србите беа највисоки и во 2010 година во Јужноафриканската Република, како и во 2018 година во Русија, додека во 2014 година не се пласираа на Светското првенство во Бразил.
На списокот од 26 фудбалери што го состави селекторот Драган Стојковиќ Пикси, само Андрија Живковиќ од ПАОК е понизок од 180 сантиметри (169), дури девет се повисоки од 190, а голманот Вања Милинковиќ-Савиќ е втор највисок играч на турнирот со 202 сантиметри.
Пред него е само голманот на Холандија, Андрис Ноперт, кој е еден сантиметар повисок.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
