Фудбалската репрезентација на Македонија составена од фудбалери од домашното првенство и неколкумина интернационалци денеска (14 часот) на комплексот на ФФМ ќе одигра пријателски натпревар против македонскиот прволигаш Работнички. Ќе биде тоа завршен дел од мини – кампот што го организираше селекторот Игор Ангеловски за да има детален увид во формата и на фудбалерите од македонското првенство.
„На тренинг кампот повикавме 20 фудбалери. Најголемиот дел доаѓаат од клубовите од домашниот шампионат, а неколкумина од странство. Клубовите добија дозвола од ФИФА да ги задржат своите фудбалери во мартовскиот термин за репрезентативни натпревари, а тоа значи дека изборот на фудбалери ни е значително скратен, освен се разбира за оние кои ќе добијат дозвола од своите клубови. Нашата намера е евентуално да го дополниме главниот репрезентативен список со имиња на фудбалери кои ќе остават силен впечаток на тренинг кампот и на контролниот натпревар против Работнички. Се надевам дека овој тренинг камп ќе биде од корист за сите“, изјави селекторот Игор Ангеловски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













