
Актуелниот шампион на Македонија, тимот на Шкупи, по вчерашниот инцидент на Чаир и прекинат натпревар против Шкендија во четвртфиналето на Купот, се обрати на јавноста и со извинување за несаканите случувања.
„Преку ова соопштение сакаме уште еднаш да им се извиниме на нашите вистински навивачи за инцидентите вчера. Навистина сакаме да дадеме до знаење дека ова е неприфатливо однесување од страна на поединци. Тие не смеат да се толерираат.
Клубот повеќе нема да толерира вакви инциденти, затоа што ние како колектив неколку години напорно работиме на имиџот на клубот кој веќе носи бренд на европски клуб, и шампион на Македонија. Во таа насока сакаме да порачаме дека не смее ваквите немили сцени предизвикани од поединци да ни го рушат имиџот и да го валкаат името на клубот.
Во оваа прилика сакаме да истакнеме дека навистина сме среќни што на вчерашните настани нема повредени, и дека ничиј живот не е доведен во прашање, тоа е најважно. Ниту една победа, ниту еден трофеј не е вреден ако се доведуваат животи во прашање“, се вели во сооштението на Шкупи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
