Македонскиот прволигаш Шкендија се огласи со официјално соопштение по повод вчерашниот инцидент, прекинатиот натпревар од четвртфиналето во Купот на Македонија на Чаир.
„По се што се случи во Чаир на прекинатиот натпревар од четвртфиналето на Купот на Македонија меѓу Шкупи и Шкендија, овој пат ние како клуб НЕМА да излеземе со соопштение за да го осудиме нападот врз нашите фудбалери на теренот, фрлање ракети и силни предмети од трибини, пцовки и навреди или дури и напади од одредени поединци кон нашиот тимски автобус кој заминува од Скопје.
Шкендија како клуб повикува итно да престане оваа крајна омраза и фанатизам меѓу двете навивачки групи, која не само што им нанесува штета на нашите клубови, туку и на невините граѓани кои можеби немаат никаква врска со фудбалот. Не е Шкендија во моментов во позиција да кажува кој е виновен, да одредува кој ја почна, кој ја продолжи, кој е повеќе, а кој помалку виновен! Шкендија кратко и јасно порачува СТОП НА ОМРАЗАТА И НЕМИЛИТЕ СЦЕНИ на нашите натпревари!
Во ниту еден момент не претендираме на обединување на двете навивачки групи, ниту на елиминација на ривалството на двата клуба затоа што тоа создава најдобра можна атмосфера на трибините! Напротив, веруваме дека ривалството е добро за конкуренцијата. Но, како да не се надминат границите на дозволеното!?
Условите за организација на натпревар се познати, јасно е што имаат право навивачите да прават, а што не! Впрочем, фудбалот се игра за гледачи. Но, кога овие вторите директно влијаат на прекин на натпревар, тогаш јасно е дека црвената линија на нивното делување е помината. Затоа се повеќе се попречува патувањето на гостинските навивачи.
Полицијата не им дозволува, локалната наввиачка група не ги прифаќа, а сега сме во ситуација дури и нашиот клуб да го трпи однесувањето на оние кои велат дека најмногу го сакаат клубот. Ова не е љубов! Така не се сака клуб!
Во оваа прилика, Шкендија упатува јавен повик до сите инволвирани страни да размислат длабоко и искрено и да престанат со оваа омраза која не срами без исклучок пред очите на другите!
Со надеж дека настаните како овие вчера нема никогаш да се повторат, ние како клуб нудиме максимална соработка со сите без исклучок, за создавање спортска и коректна клима која во иднина ќе придонесе повторно да уживаме во фудбалот како празник, а ние достоинствено радувајте се на успесите постигнати во границите на правилата“, се вели во соопштението на Шкендија.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski