Шкендија доби службена победа од 3-0, а стадионот на Чаир е суспендиран за натпреварите на Шкупи. Ова е одлуката на Натпреварувачката комисија на ФФМ, а целиот случај сега е предаден на Дисциплинската комисија која ќе решава за казната што ќе ја добие актуелниот шампион.
„На вонредна седница по повод инцидентот на денешниот натпревар Шкупи – Шкендија од 1/4 финалето од Купот на Македонија, Комисијата за натпреварување на ФФМ донесе одлука тимот на ФК Шкендија, службено со 3-0 да го добие натпреварот со ФК Шкупи.
Теренот на ФК Шкупи, стадионот во Чаир, се суспендира за одигрување на првенствени и куп натпревари. ФК Шкупи се предава на Дисциплинска комисија на ФФМ.
ФК Шкупи мора да пријави терен за одигрување на натпреварите како домаќин најмалку 100 километри оддалечен од стадионот Чаир во Скопје“, се вели во одлуката на ФФМ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













