Фудбалската јавност беше изненадена од селекторот на бразилската репрезентација Тите кој на списокот патници на Светското првенство во Катар го вброи и 39-годишниот Дани Алвеш.
Тој за медиумите откри зошто го повикал легендарниот десен бек.
„Дани носи технички и тактички аспекти кои се импресивни, тој е личност која може да организира и артикулира. Секако, тој веќе не е човек кој може да трча 60 или 70 метри, но има други доблести. Со поканата ги наградивме неговите технички квалитети, но и психичките и физичките аспекти. Веруваме дека ќе биде физички целосно подготвен“, изјави Тите, селекторот на Бразил.
Дани Алвеш е во националниот тим од 2006 година, а вкупно за својата земја настапи 124 пати и постигна осум гола.
Во клупската кариера два пати играше за Баија, Севилја, Барселона, Јувентус, Пари Сен Жермен, Сао Паоло и УНАМ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













