
Македонскиот прволигаш Брегалница е во итна потрага по нов шеф на стручниот штаб откако вчера се раздели со тренерот Илчо Ѓорѓиоски. Тој поднесе оставка, заедно со спортскиот директор Никола Тонев, а раководството на клубот ја прифати.
Коис е следните чекори за штипскиот тим? Публиката во Штип е специфична, секогаш бара повеќе, некогаш и нереално повеќе, па таму најдобро може да вирее „домашен“ стратег. Токму затоа најсериозни кандидати за преземање на тренерската позиција во Брегалница во моментот се Никола Кузманов и Влатко Костов.
И двајцата се докажани стратези, Никола Кузманов лани имаше одлична сезона со Слога Виница, но замина откако увиде дека за оваа сезона амбициите сепак не се поклопуваат со неговите ставови.
Влатко Костов ја почна сезоната како тренер на Тиквеш, но замина откако немаше очекувани резултати на почетокот на шампионатот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
