Connect with us

Нагелсман: ПСЖ? Силни се, но не им е сеедно што ќе играат против Баерн

Германскиот првак Баерн Минхен го доби Пари Сен Жермен за ривал во осминафиналето од Лигата на шампионите. Тренерот на Баерн, Џулијан Нагелсман, сепак предупредува дека и на ПСЖ не му е сеедно што ќе игра против баварскиот тим.


„ПСЖ е силен тим, ги знаеме нивните квалитети. Сепак, сигурен сум дека не им се сеедно што ќе се соочат со Баерн Минхен во осминафиналето од ЛШ. Едно е сигурно, ќе бидат тоа интересни натпревари“, изјави Нагелсман.


Осминафиналните дуели ќе се играат во втората половина од февруари следната година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови