
Изненадувачка вест од Штип. Барем, после триумфот над Тиквеш од 2-1. Македонскиот прволигаш Брегалница ја прекина соработката со шефот на стручниот штаб, Илчо Ѓорѓиоски и спортскиот директор на клубот, Никола Тонев, објави клубот на официјалниот сајт.
Ѓорѓиоски и Тонев, кои го водеа спортскиот дел на тимот низ актуелниот дел од сезоната, поднесоа неотповикливи оставки кои раководството на ФК Брегалница се одлучи да ги прифати.
„ФК Брегалница и целокупното семејство на штипските „сини“ им благодари на досегашниот шеф на стручниот штаб Илчо Ѓорѓиоски и спортскиот директор Никола Тонев за целокупниот придонес за развојот на клубот изминатиот период, со искрена желба за идна успешна кариера“, се вели во соопштението од ФК Брегалница.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
