Поранешниот голман на Челси, Арсенал и на чешката репрезентација Петр Чех потпиша договор за сезоната 2022/2023 со британскиот хокеарски второлигаш Челмсфорд, соопшти тимот.
Во текот на својата фудбалска кариера, 40-годишниот голман играше за чешките клубови Хмел и Спарта, за француски Рен и англиските гиганти Челси и Арсенал. Со Челси стана четирикратен шампион на Англија и четирикратен освојувач на купот на земјата, во 2012 година победник на Лигата на шампионите, а во 2013 година на Лигата на Европа. Со Арсенал, Петр Чех еднаш го освои ФА Купот и два пати ФА Суперкупот.
За чешката репрезентација голманот има 125 натпревари во периодот од 2001 до 2016 година.
Во 2019 година Чех потпиша договор со британскиот хокеарски клуб Гилдфорд, за кој играше до 2022 година и имаше 18 натпревари.
Челмсфорд игра во дивизија 1 од британската национална хокеарска лига, кое е второто по ранг натпреварување во националното првенство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













