Струга Трим Лум продолжува да крева врева за првиот гол на Брегалница во ремито (2-2) од последното коло во Првата фудбалска лига.
По денешното соопштение од Судиската комисија на ФФМ, сега контра-реплика од Струга.
„Во вчерашното соопштение, нашиот клуб со најголема искреност и почит кон Судиската комисија и професионалците кои работат во неа, побара објаснување за снимката од која во 24-та минута е констатирана регуларната позиција на целата ситуација.
За жал, од вашата фотоанализа објавена во вашата официјалната веб-страница на Фудбалска Репрезентација на Македонија и во медиумите, такво нешто не може да се констатира.
Се надеваме дека ваквите ситуации ќе резултираат со подобрување на делењето на правдата од страна на судиите и на фудбалот во целина“, се вели во соопштението на Струга ТЛ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













