
Академија Пандев е во резултатска криза, но нема да дозволи Александар Васоски да си замине поради лошите резултати во изминатите неколку кола. Тој понуди оставка по вчерашниот пораз (0-2) од Работнички во Струмица, но, раководството на клубот не ја прифати.
По ова, Васоски реши да остане и да работи уште понапорно во наредниот период со една цел, тимот на Академија Пандев да се извлече од сегашната позиција на табелата.
„Одлучив да останам откако мојата оставка не беше прифатена. Ќе мора да работиме уште понапорно и да ги наместиме коцките, затоа што знам дека на тимот не му недостига квалитет. Но, ете во овој момент не зафати една летаргичност која најмногу се отсликува на резултатите. Сепак, верувам дека многу брзо ќе фатиме еден победнички серијал и дека Академија Пандев ќе се извлече од сегашната позиција на табелата“, вели Александар Васоски за Макфудбал.
Академија Пандев во моментот се наоѓа на десеттата позиција на табелата со само осум освоени бода, а во следното коло му гостува на Шкендија во Тетово.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
