
Александар Васоски и натаму ќе биде шеф на стручниот штаб на Академија Пандев. Тој понуди оставка по вчерашниот пораз (0-2) од Работнички на домашен терен. Сепак, раководството на клубот добро размисли и одлучи да не ја прифати неговата оставка.
Причината е јасна, Академија Пандев во моментот сигурно нема да може да најде подобро решение од Васоски за клупата на тимот.
Тој се врати во струмичкиот прволигаш откако замина Ѓорѓе Стојчев, но не успеа да победи на пет првенствени натпревари. Сепак, одлучено е да продолжи со работа и да се обиде да го извлече тимот од непријатната позиција на табелата.
Академија Пандев се наоѓа на десеттото место со само осум освоени бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
