Реал Мадрид одигра само 1-1 на „Сантијаго Бернабеу“ против Џирона. Ова дефинитивно е непланиран „кикс“ на „кралевите“, а прсти замеша и ВАР-технологијата.
По голот на Винисиус Жуниор домаќинот обезбеди водство во 70.минута, но десет минути подоцна Марко Асенсио играше со рака во шеснаесетникот, а после прегледувањето на ВАР снимката беше досуден пенал. Стуани беше успешен реализатор.
Во судиското продолжение Родриго постигна гол, меѓутоа не беше признат, повторно со прегледување на ВАР-снимката откако Газанига со една топка ја покрил топката која ја шутна Родриго речиси од гол-линијата. Во судиското продолжение беше исклучен и Тони Крос поради два жолти картони.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













