Connect with us

Османи: Шкендија сака да биде шампион

Шкендија минимално го победи Скопје со 0-1 и успеа да ја намали негативата во однос на лидерот Струга ТЛ на три бода. Единствениот гол го постигна Љупчо Дориев.


Тренерот Ќатип Османи е среќен што тетовци се поблиску до врвот.


„Секако дека победата и трите бода се важни за нас. Иако не дадовме втор гол за да го затвориме порано мечот, не му дозволивме на противникот да не загрози. Задоволен сум што сме на три бода од лидерот. Мора да си ја гледаме нашата работа во следните мечеви, тоа е да победуваме. Ние сакаме да сме шампиони. Не е првпат Шкендија да брка негатива за да биде шампион. Покажавме претходно дека целите можеме да си ги оствариме“, изјави Османи.


Шкендија во следното коло ќе игра против Силекс.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови