
Прилепска Победа во моментов практично е без раководство откако претседателот на клубот, Небојша Стојковиќ попладневно ги информирал спонзорите и акционерите во клубот дека дава оставка, а од поодамна клубот е без спортски директор.
„Одлуката да се повлечам од претседателската функција е од чисто лични причини. Би сакал да се заблагодарам за соработката на сите мои досегашни соработници, посебно на спонзорите за вложувањата во клубот особено во ситуација кога екипата не игра во Прилеп. На клубот му посакувам успешно продолжение на сезоната – опстанок во Првата лига и освојување на пехарот во Купот на Македонија“ – изјави Стојковиќ.
Стојковиќ од почетокот на јануари 2018 година беше вклучен во најтесното клупско раководство на Победа, најпрвин на потпретседателската, а од почетокот се сезоната 2018/2019 ја извршуваше функцијата претседател на ФК Победа АД. Станува збор за поранешен фудбалер на Победа за која настапуваше од 1998 до 2000 година, и од 2005 до 2008 година, по враќањето Анжи во Русија каде настапуваше пет години.
Победа сега практично е без раководство ако се знае дека од крајот на минатата година е и без спортскиот директор по назначување на Јане Николоски за шеф на стручниот штаб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Глазгов Ренџерс сака да го врати Бојан Миовски во Шкотска

Евро-фудбал
Педри: Нема да молчам, тоа не беше пенал!

Евро-фудбал
Ханси Флик: Верувавме во победата до самиот крај
