Актуелниот првак Шкупи e пред императив да победи на денешниот дуел (14 часот) против Тиквеш на Чаир. Тимот на Гоце Седлоски ќе игра против можеби најпозитивното изненадување по првиот дел од шампионатот, но опција се само трите бода, затоа што лидерот Струга ТЛ има завидна предност на табелата.
Шкендија гостува на „Автокоманда“ и ќе игра против последнопласираниот тим на Скопје.
„Притисокот за освојување на бодовите е кај нас. Но, подготвени сме, веруваме во својот квалитет и се надеваме дека ќе стигнеме до победа“, изјави дефанзивецот Клисман Цаке. Поради црвениот картон на дуелот со Работнички, Шкендија ќе биде без еден од лидерите во тимот, Ферхан Хасани.
Струга Трим Лум ќе биде гостин на Победа во Прилеп. Буњамин Шабани верува дека неговиот тим може да ги освои бодовите.
„Победа ќе има голема поддршка од гледачите, но ние сме максимално фокусирани на нашето издание, се надевам дека ќе бидеме на ниво и дека ќе забележиме позитивен резултат“, истакна Шабани.
Работнички ќе го пречека Силекс на комплексот на ФФМ. Силекс одлично го одигра првиот круг од шампионатот, а „романтичарите“ се надеваат дека ќе успеат да стигнат до успех.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 12.КОЛО
ШКУПИ – ТИКВЕШ
СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА
РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС
ПОБЕДА – СТРУГА ТЛ
ВЧЕРА: БРЕГАЛНИЦА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-0
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













