Connect with us

Мегадуел во четвртфиналето: Шкупи и Шкендија на куп-пресметка, Силекс го доби Вардар

Најголемите фаворити за шампионската титула, Шкупи и Шкендија, заедно со лидерот Струга ТЛ, ќе се сретнат во четвртфинална пресметка во Купот на Македонија. Актуелниот првак Шкупи ќе ја пречека Шкендија на Чаир, на 9 ноември, со почеток во 13 часот. Се игра еден натпревар во оваа фаза од куп-натпреварување.

Најтрофејниот клуб Вардар, но и единствен второлигаш во моментот од сите четвртфиналисти, ќе му гостува на Силекс во Кратово, додека актуелниот бранител на куп-трофејот, Македонија ЃП ќе биде домаќин на Академија Пандев.

Струга Трим Лум ќе ги одмери силите против Брегалница.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови