МАКФУДБАЛ.МК од самото формирање редовно ќе избира најдобри поединци во Првата македонска фудбалска лига и во двете Втори лиги, истакнувајќи ги на пиедестал индивидуалците кои даваат голем придонес во успехот на својот колектив. По изборот на тимот на 19.коло во Првата лига, за најдобар играч е избран Агим Ибраими, новата „десетка“ на Шкендија.
Со неговиот несомнен квалитет, Агим Ибраими веднаш се наметна како лидер во составот на Шкендија, креатор на играта, вистински предводник на актуелниот шампион.
„Да се заблагодарам за вашиот избор за играч на колото. Навистина ми значи ова. Јас секогаш се вложувам за интерес на тимот, но ова е еден вид сатисфакција повеќе покрај триуфмот на Шкендија во дербито против Вардар. Медиумите се секогаш значаен фактор и се радувам што го ценат мојот труд и моите игри“, изјави Агим Ибраими за Макфудбал.мк
По победата во дербито, Шкендија има осум бода предност на врвот на табелата. Ибраими се надева дека тимот има капацитет за големи дострели.
„Се знаат амбициите на Шкендија, целта е одбрана на шампионската титула. Успеавме да освоиме три бода на стартот, против силен ривал , а секако дека формата ќе оди во нагорна линија. Кажав и претходно, пријатно сум изненаден од квалитетот на тимот на Шкендија, посебно на дел од помладите играчи. Се надевам дека ќе одиме уште повисоко со дострелите“, вели новата „десетка“ на Шкендија.
Поранешниот истакнат репрезентативец го дочека вистинскиот момент да се врати дома, во Шкендија.
„Отсекогаш знаев дека еден ден ќе се вратам во Шкендија. Го чекав вистинскиот момент и мислам дека дојде тој очекуван момент. Клубот веќе неколку години работи европски, Шкендија играше во плејофот од Лигата на Европа и се надевам дека во иднина ќе бележиме уште поголеми успеси“, изјави Агим Ибраими, најдобриот играч на 19.коло во Првата лига во изборот на МАКФУДБАЛ.МК.
НАЈДОБАР ТИМ НА 19.КОЛО
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski