
Кристијано Роналдо најверојатно на зима ја заврши својата епизода во Манчестер Јунајтед. Португалецот во јануари ќе мора да си најде нов клуб, а на тоа напорно работи неговиот агент Жорге Мендеш.
Роналдо му беше понуден на Наполи, но засега нема конкретни преговори на таа тема.
Во меѓувреме, Мендеш се обидува да го испрати својот клиент во Интер. „Нероаѕурите“ со една нога веќе се во нокаут фазата од Лигата на шампионите. За нешто повеќе им треба човек кој многу добро знае да го освои трофејот и тука би можеле да имаат голема коруст од Португалецот.
Роналдо би имал голем предизвик пред него и она што всушност го сака кога ќе го напушти Јунајтед – да игра во Лигата на шампионите. Од друга страна, и Милано секако е привлечен град за неговото семејство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Милан со пресврт ја победи Болоња (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир
