Connect with us

Иниеста се борел со депресија: Ја гушкав сопругата и не чувствував ништо

Легендарниот шпански фудбалер Андрес Иниеста (38) призна дека имал огромни проблеми со депресијата. Во својата исповед тој признава дека ја губел волјата за живот и им порача на сите кои се борат со депресија да одат на терапија.


Андрес Иниеста е еден од најдобрите играчи од средниот ред на сите времиња. Познатиот шпански фудбалер и денес е активен на 38 години и игра во Јапонија за Висел Кобе, а славата ја стекна играјќи за Барселона во еден од најдобрите тимови на сите времиња.

Иако изгледаше неверојатно мирно на теренот, правејќи чуда во дресот на Барса, надвор од теренот Иниеста се бореше со најтешкиот можен противник – депресијата.

Легендарниот фудбалер открива се што му се случило во најтешките денови од неговиот живот. Воопшто не му беше лесно.

„Кога се борев со депресија, најлошите моменти ми беа кога одев да спијам. Едноставно ја губиш волјата да живееш и да правиш се друго. Ќе ја гушкав сопругата, но не чувствував ништо. Како да гушкав перница наместо неа“.

Терапиите му помогнаа. Тој се чувствува многу подобро и продолжува да користи услуги на психолог.

„Сè уште одам на терапија бидејќи ми треба мир со себе. Сакам да слушам професионалци кои зборуваат за менталното здравје и депресијата. Секој што има проблем си вели дека тоа не им се случува, туку тоа е вашето тело. Немате живот , задоволство, енергија“.

Иниеста јасно стави до знаење дека ништо на светот не е поважно од менталното здравје.
„Животот ве учи дека депресијата и менталните проблеми можат да влијаат на секого. Не се работи за материјални работи. Можев да имам скапи автомобили, сè што сакам, но сепак ќе морам да се соочам со огромни проблеми во животот. Мозокот е она што треба да го тренирате најмногу“, изјави Иниеста.

Андрес Иниеста освои се што можеше во текот на својата богата кариера. Со Барселона освои бројни трофеи во клупскиот фудбал, а со шпанската репрезентација беше европски и светски шампион.

Во дресот на каталонскиот клуб тој се појави 674 пати и постигна 57 гола, додека за „црвената фурија“ постигна 13 гола на 131 настап.

Иниеста денес покрај фудбалот е и успешен бизнисмен. Покрај тоа што од договорот со јапонскиот клуб заработува 23 милиони долари, тој отвори винарија, маркетинг агенција и сопствен бренд на спортска опрема.

Шпанскиот фудбалер моментално вреди околу 120 милиони долари, но се проценува дека неговото богатство само ќе расте во наредните години.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови