
Фудбалската репрезентација на Македонија забележа минимален пораз (1-0) од Саудиска Арабија на пријателскиот натпревар во Абу Даби. Домаќинот постигна гол во 85.минута, но во финишот не беше досуден очигледен пенал за Македонија.
Љупчо Дориев вели нашиот национален тим одиграл квалитетно и заслужил да остане непоразен.
„Одигравме навистина одличен натпревар. Дисциплинирано од почеток, без да дозволиме противникот да наметне свое темпо или да создава сериозни шанси. Ние бевме добро позиционирани, опасни на моменти и штета што во самиот финиш не бевме наградени со добар резултат. Не беше досуден чист пенал. Секоја чест за моите колеги, од прв до последен, за прикажаната игра. Треба да бидеме горди на нас самите и да се бориме и понатаму за место во репрезентацијата“, изјави крилниот напаѓач на Шкендија по пријателскиот меч со Саудиска Арабија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
