Напаѓачот на Шкендија, Валмир Нафиу, се врати во тренажен процес откако ја надмина повредата со која се здоби на пријателскиот натпревар против Гостивар на 24 септември. По 25 дена тој е во состојба да работи со максимален интензитет и се приклучи на тимот кој се подготвува за последните шест натпревари од есенската полусезона.
28-годишниот напаѓач доби силен удар во ногата на пријателскиот натпревар против Гостивар и оттогаш ги пропушти натпреварите против Победа, Брегалница и Работнички во првенството, како и куп – средбата со Скопје.
Со враќањето на Нафиу, од Шкендија информираат дека сите фудбалери сега се на располагање на шефот на стручниот штаб Ќатип Османи. Во моментот единствено недостасуваат репрезентативците Хасани, Бејтулаи, Захов, Дориев и Стојановски, кои ќе се приклучат по пријателскиот натпревар со Саудиска Арабија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













