Шкупи ја почна пролетната сезона со бледо издание против Силекс во Кратово, сепак на крајот стигнувајќи до посакувано реми. Па, денеска во 20. коло од ПМФЛ чаирчани не размислуваат за ништо друго освен триумф против прилепска Победа.
„Ова е многу значаен натпревар за нас. Во Кратово одигравме под нашето ниво, не сме задоволно од тоа издание иако на крајот стигнавме до реми. Но, Шкупи е тим кој на секој натпревар атакува единствено на три бода. Така ќе биде и денеска против Победа на дуел на кој мора да одиграме најдобро што знаеме и безусловно да дојдеме до победата. Секако значајна за нас ќе биде и поддршката од трибините на свој терен“ – вели офанзивецот на чаирчани, Виктор Ангелов.
Во таборот на Шкупи ќе недостасуваат Махарава Тандина кој уште чека неопходна документација за регистрација, како и повредените Басилио Ндонг и Бесар Исени.
ПМФЛ – 20. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Струмица: БЕЛАСИЦА – АК. ПАНДЕВ
Тетово: РЕНОВА – ВАРДАР
Скопје: РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА
Скопје: ШКУПИ – ПОБЕДА
Standings provided by Sofascore LiveScore
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













