Манчестер Јунајтед го совлада Тотенхем со резултат 2-0 во дерби натпреварот од 12. коло на Премиер – лигата, а по одличниот натпревар на „црвените ѓаволи“ најмногу се зборува за играч кој не играше – ниту секунда. Кристијано Роналдо повторно направи шоу, овојпат предизвикувајќи скандал откако си замина во соблекувалната додека мечот се уште траеше.
Камерите многу јасно го уловија моментот кога Португалецот го напушти теренот.
Секако, не требаше долго да се појават коментарите на аналитичарите и критиките на навивачите за потегот на Роналдо. Тој уште еднаш покажа дека сопственото его му е далеку повисоко од интересите за тимот.
„Да бев тренер на Манчестер Јунајтед, ќе го задавев! Би го прашал: Па што правиш? Но неговото однесување е неприфатливо“ – изјави Дион Даблин, кој и самиот го носеше дресот на Манчестер Јунајтед од 1992 до 1994 година.
Навивачите се бесни на Роналдо, а легендата тврди: „Бруно е посреќен без Кристијано“
„Имам многу почит кон Роналдо и се што направи во кариерата, но ова беше премногу. Она што го направи сега е надвор од редот. Да, секако дека треба да игра повеќе, бидејќи сепак прави разлика на теренот повеќе од другите, но требаше да остане и да ги почитува соиграчите кои се уште играат важен натпревар. Роналдо се однесуваше како да не му е грижа за тоа“, изјави Тим Шервуд, играчот од средниот ред на Тотенхем од 1999 до 2003 година, а денес колега на Дион Даблин на „Amazon Prime“.
„Шокантно! Она што го направи Роналдо е само јавен доказ за неговото непочитување кон тренерот. Многу сум лут поради тоа. И јас сум тој што го сака Роналдо и неговата игра, но мора да има начин да го реши тоа без вакви ситуации. Ако Тен Хаг го почитуваше со тоа што не го внесе во игра кога веќе беше 6-1 на градското дерби со Сити, тогаш Португалецот требаше на сличен начин да возврати и сега“, дополни Шервуд.
Сличен став имаат и поголемиот дел од навивачите, односно љубителите на фудбалот. Јавноста смета дека потегот на Роналдо на натпреварот против Тотенхем е навистина непримерен, но има и такви кои сега уште повеќе му се восхитуваат на Роналдо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal