
Арсенал има четири бода предност на врвот во Премиер – лигата, но актуелниот шампион Манчестер Сити е клубот кој ќе се прашува за титулата.
Машинеријата на Пеп го доби, според многумина, „завршниот дел од мозаикот“ со доаѓањето на Ерлинг Халанд. Норвежанецот не успеа да ја затресе мрежата против Ливерпул, но неговите бројки се нестварни оваа сезона.
А италијанските медиуми пишуваат дека „граѓаните“ би можеле да донесат уште едно чудо – Квича Кварацкелија.
Грузиецот го привлекува вниманието со одличните игри во дресот на Наполи, нема сомнеж дека напаѓачот е една од главните причини поради која тимот на Спалети е актуелен лидер на шампионатот во Серија А. Тој веќе го дови прекарот „Кварадона“, откако сезонава одигра 14 натпревари со седум гола и осум асистенции.
„Наполитанците“ го „киднапираа“ за само 11 милиони фунти, а неговата цена е веќе трипати повисока по нецела полусезона.
21-годишниот фудбалер беше на радарот на многу клубови, но „граѓаните“ дури сега се уверија во класата на крилниот напаѓач. Пеп Гвардиола нема да штеди пари за да го доведе на „Итихад“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Евро-фудбал
Меси донесе финале за Интер Мајами (ВИДЕО)
