Струга Трим Лум го доживеа првиот пораз сезонава во Првата македонска фудбалска лига, откако загуби во дербито на Чаир против Шкупи со 1-0. Стрелец на единствениот гол од пенал беше Фреди Алварез во 57.минута од мечот.
Тренерот на стружани, Срѓан Захариевски, не сака да го коментира пеналот, а вели дека неговиот тим ќе продолжи да игра во истиот стил и по денешниот пораз.
„Типичен дерби дуел, каде што немаше многу шанси, туку многу тактизирање од двете страни. Мислам дека одлучувачки беше пеналот кој што не сакам да го коментирам. Ние имавме свои шанси после примениот гол, но потфрли реализацијата наша, така да продолжуваме понатаму без разлика на овој пораз”, изјави Захариевски по првиот пораз оваа сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













