Ливерпул го доби дербито против Манчестер Сити со 1-0 и му го нанесе првиот пораз во Премиер – лигата оваа сезона на големиот ривал. Мохамед Салах беше стрелец на победничкиот гол за „црвените“ во 76.минута од дуелот. Тој му побегна на Жоао Кансело, излезе сам пред Алисон Бекер и успеа да го совлада.
Претходно, Манчестер Сити постигна гол преку Фил Фоден, но не беше признат откако ВАР покажа дека Ерлинг Халанд направил фаул над Фабињо во зачетокот на акцијата.
Ливерпул лошо ја стартуваше оваа сезона, и сега има 13 бода, десет помалку од Манчестер Сити кој е второпласиран. На врвот е Арсенал со 27 освоени бода по десет одиграни кола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













