Најверните фанови на Вардар, навивачката група „Комити Скопје“, излезе со јавна реакција по убедливиот пораз на гостувањето против Ренова. „Црвено-црните“ загубија со убедливи 4-0, а „Комити“ потенцираат дека тоа е непочитување на клубот и дресот кој се носи.
„Да се загуби натпревар не е проблем, се случува. Да се загубат два натпревари по ред се преживува, лош распоред, лоша форма…И не е прашање дали ќе бидеме покрај вас по вакви бламажи, нашата љубов кон Вардар не згаснува… Али да се загуби од Ренова со 4 голови разлика, тоа е е.ење у здрав памет, ноншалантност, непочитување кон дресот кој се носи! Ставете прст на чело за кој клуб играте и кои се вашите цели, 4, 5, 8 место, опстанок у лига??? Вие сте македонски идентитет во време кога истиот се негира, вашите постапки влијаат врз многу луѓе, со вас се идентификува цела една армија голема колку неколку поголеми македонски градови!“, се вели во реакцијата на „Комитите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција













