Славчо Георгиевски поднесе оставка по вчерашниот пораз на ФК Скопје на гости против Македонија ЃП. Раководството на клубот од „Автокоманда“ е во потрага по нов шеф на стручниот штаб, а лесно може да се случи на клупата да се врати Љупчо Марковски Калц.
Тој на стартот од оваа сезона го презеде Работнички, но издржа само седум кола, по што замина поради лошиот старт на шампионатот со „романтичарите“. Претходно, долги години беше шеф на ФК Скопје, па „љубовта“ лесно може да биде обновена.
ФК Скопје се наоѓа на последното место на табелата во Првата лига, со само пет освоени бода по десет одиграни натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













