Струга Трим Лум се уште е непоразен тим оваа сезона, а денеска (14 часот) на Чаир веројатно ќе го има и најголемиот тест. Тимот на Срѓан Захариевски ќе му гостува на шампионот Шкупи, кој заостанува дури десет бода зад стружани во битката за врвот.
Имаше одредени турбуленции на Чаир од почетокот на сезоната, а „данок“ земаа и настапите на европска сцена.
Составот на Гоце Седлоски несомнено има квалитет, но се уште го бара ритамот со кој „газеше“ минатата сезона кога доминантно го освои шампионскиот пехар. Можеби мотивацијата да се совлада лидерот денеска ќе биде пресудна за да повторат една шампионска игра налик на минатогодишниот шампионат.
Струга Трим Лум гостува релативно неоптоварена, со оглед дека има сериозна бодовна предност и функционира во одличен ритам од стартот на сезоната.
Вчера, Шкендија го совлада Работнички на гости со 2-4, Силекс освои три бода во Штип против Брегалница (2-3), а Македонија ЃП беше подобра од Скопје (2-0). Победа и Академија Пандев ремизираа 1-1 во Прилеп.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













