
Раководството на Арсенал ќе му понуди нов договор на играчот од средниот ред Гранит Џака. Актуелниот договор на Швајцарецот е до 2024 година, но клубот е подготвен да го врзе на подолг период, пишува „Фудбал инсајдер“.
Откако во еден момент беше на прагот да се раздели со Арсенал, Џака ја пронајде својата најдобра форма од почетокот на сезоната и беше еден од клучните играчи во одличните изданија на тимот од почетокот на сезопата. На 11 натпревари тој има два гола и три асистенции.
Токму затоа на „Емирати“ се презадоволни од него и се подготвени да му понудат продолжување на договорот. Тоа се очекува да се случи веднаш по завршувањето на Светското првенство во Катар, кога двете страни ќе седнат на преговарачка маса.
Џака беше доведен во Арсенал во 2016 година од Борусија Менхенгладбах. Досега за „топчиите“ има 262 натпревари, 16 гола и 25 асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski