
Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Лионел Меси, ќе биде подготвен за неделното дерби против Олимпик Марсеј. Аргентинецот ги пропушти последните два натпревари на парижаните поради повреда на потколеницата. Имаше стравувања дека нема да закрепне навреме за францускиот „Ле Класик“, но вчера тој го одработи тренингот и тренерот Кристоф Галтие потврди дека Меси е подготвен за игра.
„Во моментов, да, Лео Меси е на располагање. Тренираше нормално и ја помина целата тренинг сесија“, сподели Галтие.
Сепак, тренерот ќе има други проблеми со својот тим, со тоа што Серхио Рамос ќе биде надвор од теренот поради суспензијата со црвен картон против Реимс, а Преснел Кимпембе и Нуно Мендеш со повреди.
Меси има осум гола и осум асистенции на 13 натпревари од почетокот на сезоната во сите натпреварувања.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski