Дуелот меѓу Работнички и Шкендија е во фокусот на вниманието на денешната програма од 11.коло во Првата фудбалска лига. Гостите се фаворити, но последниот дуел на арената „Тодор Проески“ го доби Работнички.
„Фокусирани сме максимално, ова ќе биде натпревар на две екипи кои практикуваат отворен фудбал. Очекувам ефикасен меч и наша победа“, изјави младиот фудбалер на Шкендија, Сабит Билали.
Брегалница на домашен терен го пречекува Силекс. Голманот Немања Шчекиќ е еден од најдобрите поединци на Брегалница низ досегашните десет рунди од шампионатот, за што потврда се само седумте примени голови. Беше извонреден на дуелот со Шкендија, а сега верува дека тимот може повторно да одигра на високо ниво и да дојде до посакуваните три бода.
„Одигравме навистина квалитетен натпревар против една од најдобрите екипи во лигата Шкендија, и тоа сигурно носи дополнителен мотив кај секој од нас за следните натпревари. Не очекува уште еден тежок натпревар, сега против Силекс. Но, веруваме во себе, мислам дека навлегуваме во посакуваниот ритам и со поддршка од навивачите сигурно сакаме цел плен од денешниот дуел“, вели Шчекиќ.
Македонија ЃП посакува победа против Скопје за враќање во ритам, а и Академија Пандев се надева дека ќе го прекине постот и ќе слави на гости во Прилеп против Победа. Сепак, таму секогаш е жежок терен за игра.
Утре се игра дербито на колото. Шампионот Шкупи ќе го пречека лидерот Струга Трим Лум на Чаир.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 11.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч.)
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА
МАКЕДОНИЈА ЃП – СКОПЈЕ
ПОБЕДА – А.ПАНДЕВ
БРЕГАЛНИЦА – СИЛЕКС
ШКУПИ – СТРУГА ТЛ (УТРЕ, 14 Ч.)
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski